Почетна За нас Лоби групи Контакт  
Семејно насилство Политика Здравство Лобирање Економско јакнење Мировни активности
ЗА НАС
Македонско женско лоби
Македонското женско лоби е промовирано на 1 март 2000 година.

Македонското женско лоби е група за притисок врз институциите.
Лоби група која ги поврзува различните женски групи и организации
за поефикасно застапување на женските интереси во јавноста, во институциите и во одлучувачките органи.

Кој сме ние:
на жени од различен профил: НВО, политички партии, Влада, медиуми, синдикат, парламент,
локална самоуправа и жени експерти од различни области и со различна позадина (национална, верска и политичка)
здружено работат, застапуваат и лобираат за подобрување на положбата на жените.

Наша цел е:
Постигнување на родова еднаквост преку
-Подобрување на легислативата и нејзина имплементација во насока на обезбедување на правата на жените;
-Креирање и имплементирање на развојна стратегија за национална родова машинерија;
-Потикнување и организирање кампањи и активности за заштита на женските права од различни области.

Принципи на работа:
-Креирање на заеднички стратегии и координација на активностите на национално ниво
-Индивидуална работа на организациите прреку проекти и други активности
-Иницирање и спроведување на кампањи
-Заедничка поддршка и соработка.



Членство

Европското женско лоби-ЕЖЛ е најголемата чадор женска организација во Европската Унија. Секретаријатот на ЕЖЛ е во Брисел, но ЕЖЛ има 23 членки од Европската Унија и 3 од земјите кандидати.

Европското женско лоби се стреми кон промоција на женските права и еднаквост помеѓу жената и мажот во Европската Унија. ЕЖЛ е активно во повеќе области како што се економската и социјалната позиција, жените во политиката, насилство врз жената, различноста на жената, итн. ЕЖЛ работи главно со институциите на Европската Унија: Европскиот Парламент, Европската Kомисија и ЕУ совет на mинистри.

ЕЖЛ е асоцијација базирана на членство. Моментално има повеќе од 4000 членски оргaнизации. Целосното членство во ЕЖЛ се состои од националните координатори на женските невладини организации и од друга страна пошироките Европски невладини организации. Ова се организациите национални членки на ЕЖЛ.

Тие се од земијите: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Македонија, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска, Турција, Обединетото Кралство

Повеќе информации можете да видите на http://www.womenlobby.org

НВО - членки на Македонското женско лоби


1. Национален совет на жени на РМ-Сојуз на организациите на жените на Република Македонија – СОЖМ
основана: 1994
членство: 50 000 членови од кој 90% се жени распоредени во 104 независни женски организации од Р.Македонија
Организацијата членува во: ИЦЊ; ФИЦЕ
веб страна: www.sozm.org.mk
Главен интерес: женските проблеми и прашања од сите свери како жени во политика, медиуми, рурални општини, млади и маргинализирани групи

2. Организација на жени турчинки во Република Македонија “ДЕРЈА”
основана: 1999
членство: Во организацијата членуваат 500 члена од кој 450 се жени а 50 се мажи
Организацијата членува во: “МАТУС”; “ТЕБ”; “ЕТИКАБЕ” ; “ЈУрсевер” “Румеливакв”
Главен интерес: Се занимава со еманципацијата на жената Турчинка во Р.Македонија

3. Анти-канцер здружение “Животна искра”
основана: 1993
членство: 300 во Скопје додека во Животна искра членуваат Животна искра 99 од Струмица, Квалитетен живот- Велес, Искра надеж -Прилеп
Организацијата членува во: Rich to recovers International Anti Cancer- Сиднеј, Мелбурн, Канада, Онколошко друштво Љубљана
Главен интерес: Жени кои се лекуваат од рак на репродуктивните органи со посебен осврт на ракот на дојката

4. Женска акција- асоцијација за унапредување на статусот на жената во современиот општествен процес во Македонија- Скопје
основана: 2000 година
членство: повеќе од 250 членки од кој 95% се жени а 5% се мажи. Има ограноци во неколку града на Р.Македонија, а Женска акција од Радовиш е нивна членка
Организацијата членува во: на неколку мрежи на НВО без правен легитимитет
веб страна: www.zenskaakcija.org.mk
Главен интерес: Човекови права

5. Организација на жени “Радика”
основана: 2001 година
членство: 2300 членки од кој сите се жени
веб страна: www.ozradika.org.mk
Главен интерес: Жени од рурални и неразвиени подрацја, и жени Македонки со муслиманска вероисповест

6. Лулуди-Ромска Асоцијација на жени и млади
основана: 2001
членство: 25 од кој 80% се жени
Организацијата членува во: Рома 2002
Главен интерес: жени и млади Роми во сите области (социо-економски и општествено-политички)

7. Организација на жените на општина Свети Николе
основана: 1990
членство: 500 од градот и од руралните подрачја на општината Св.Николе, 99% од членството се жени
Организацијата членува во: ООЖМ (полноправен член) Антико асоцијативен член; неформална мрежа за борба против трговија со луѓе
веб страна: www.womsvetinikole.org.mk
Главен интерес: женски прашања од различни интереси

8. Отворена порта Скопје-Ла страда
основана: 2000
членство: 23 членови од кој 22 се жени
Организацијата членува во: “Ла страда Интернационал”. “Акта” и основач на националната мрежа за борба против трговија со луѓе
веб страна: www.lastrada.org.mk
Главен интерес: Жени и девојки под ризик со посебен акцент на жени жртви од трговијата со луѓе.

9. Асоцијација на жени претприемачи – АРНА
основана: 1999
членство: 86
Организацијата членува во: жени претприемачи од поранешните ЈУ Републики
Главен интерес: жени во бизнисот

10. ДАЈА – Ромска организација на жените од Македонија - Куманово
основана: 1993 година
Организацијата членува во: Ромска развојна мрежа. СОЖМ, Мрежа на жени ромки ЗАЕДНО
веб страна: www.daja.org.mk
Главен интерес: проблемите и прашањата на жените Ромки

11. Одбор за мировни и граѓански иницијативи на Република Македонија- група жените за мир
основана: 1991 година
членство: 150
Главен интерес: мировни активности

12. Организација на организациите на жените на Македонија – ООЖМ
основана: 1990
членство: 60 000 од кој 95% се жени
веб страна: www.ozm.org.mk
Главен интерес: женски прашања од повеќе свери без оглед на возраста, етничката припадност, националната припадност, образование и политичка припадност

13. Форум на албанската жена -Тетово
основана: 2001
членство: 5000 сите се жени
Организацијата членува во: Коалиција за борба против трговија со луге-Тетово, Мрежа на НВО за борба против трговија со луѓе во Македонија
веб страна: www.forumi.org.mk
Главен интерес: на жени кои им е потребна подршка да бидат вклучени во сите сфери на општеството и со посебен осврт на жените Албанки

14. Македонско здружение за остеопороза
основана: 2000
членство: 16 докторки по медицина
Организацијата членува во: Интернатионал остеопоросис фоундатион
главен интерес: Здравствената политика со посебна осврта на остеопорозата

15. Сојуз на синдикати на Македонија- секција на жени
основана: женската секција основана во 2000 година
членство: членуваат синдикати од различни индустриски области
Организацијата членува во: ЕТУЦ
веб страна: www.ssm.org.mk
Главен интерес: жени работнички- синдикалки
 


Собрание на Република Македонија

1. Клуб на парламентарки
Основан во по 2002 и се однесува на лобирања за одредени закони во собранието на Р. Македонија. Составено од сите избрани жени во Собранието на Република Македонија
 


Министерства

1. Министерство за економија на Република Македонија

2. Министерство за труд и социјална политика –Сектор за еднакви можности
основана: 1997
главна задача: родовите односи во сите сфери во Р.Македонија



Политички партии

1. Женска секција на социјалистичка партија
основана: 1990
членство: во партијата вкупно членуваат 80 000 од кој 42% се жени
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

2. Либерална партија- унија на жени
основана: 1990 унијата на жени основана 2000
членство: во партијата вкупно членуваат 20 000 од кој 55% се жени
Партијата членува во: Еуропеан Либерал Њомен нетњорк (ЕЛЊН) при ЕЛДР
веб страна: www.lp.org.mk
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

3. Либерално демократска партија -ЛДП
основана: 1997
членство: во партијата вкупно членуваат 30 000 од кој 39% се жени
Партијата членува во:ЛДР и Либерална Интернационала
веб страна: www.ldp.org.mk
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

4. Социјалдемократски сојуз на Македонија - СДСМ
основана: 1991
членство: во партијата вкупно членуваат 110 000 од кој 46% се жени
Партијата членува во: Социалистичката интернационала и Партијата на европските социјалисти
веб страна: www.sdsm.org.mk
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

5. Демократска Обнова на Македонија
основана: 2005
членство: во партијата вкупно членуваат 54,5%мажи и 45,5%се жени
веб страна: www.dom.org.mk
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

6. ВМРО -ДПМНЕ
основана: 1990
членство: 40% се жени
веб страна: www.vmro-dpmne.org.mk
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

7. Партија за демократски просперитет – ПДП
основана: 1991
членство: 40% се жени
главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

8. Демократска унија за интеграција- ДУИ
Основана 2002

9. ВМРО- НП , унија на жени
Формирана 2004 година
членство: 50% од вкупниот број се жени
веб страна: www.vmro-np.org.mk
е-маил: pr-vmro-np@mail.com
Главни активности: покрај тие на партијата подобрување на положбата на жените како во партијата така во општеството согласно партиската идеологија

10. Нова социјал-демократска партија –НСДП
формирана 2005 год.
веб-страна: www.nsdp.org.mk
Главни активности : покрај тие на партијата, подобрување на положбата ан жените како во партијата така и во општеството согласно партиската идеологија.
 

ДруговоСтрумицаТетовоГевгелијаБитолаДелчевоКумановоВелесДебарСв.НиколеРостушеОхридСтругаКосоврастиКривогаштаниПрилепШтипКавадарциК. ПаланкаРанковце

ИСПИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ
Како е учеството на жените во институции?
Мислам дека е доволен
Мислам дека не е доволен
Не сум запознаен


резултати од анкетата
© 2008 Македонско женско лоби
developed by anet solutions